
Во сабота 20 декември 2025 година во бискупската резиденција во Скопје Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов ги прими богопосветените лица, кои пасторално делуваат во градот Скопје и во таа прилика му ги честитаа престојните Божиќни празници.
Според веќе воспоставената традиција, секоја година еден претставник во име на сите упатува честитка до епископот. Оваа година тоа го направи сестрата Евхаристинка Бернардина, која направи осврт на пасторалните активности во годината која изминува.
Епископот Стојанов изрази благодарност за соработката и заедништвото, посакувајжи им благослоцен Божиќ и Нова година, посакувајќи мир, радост и верност кон евангелската мисија, а со својата служба да сведочат на Божјиот народ за вистината, единството и надежта.
По официјалниот дел, средбата продолжи со разговор и заедништво меѓу присутните.
к.мк

