Младите од катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ Струмица, на 7 јануари 2022 година пред присутните верници во катедралата ја прикажаа божиќната приредба, во чиј склоп беше и драмата „Божикот на Мартина“ со што ја пренесоа пораката дека со добрите дела се доаѓа до Бог, до Богомалденоцот кој е роден во витлеемската пештера. Божикната програма беше збогатена и со голем број на божикни рецитали и песни.
На крајот од програмата се обрати катедралниот парох о.Георги Трајков кој изрази голема благодарност до младите кои цел месец се жртвуваа со секојдневни проби за тој ден и до Сестрите Евхаристинки за нивната посветена работа за целата подготовка околу божикната програма за тој ден, како и до присутните верници.
Младите од парохијата „Успение на Пресвета Богордица“ – Струмица околу еден месец под раководство на сестра Тереза Стојкова се подготвуваа за божиќната приредба.
к.мк