Во недела 10 јуни 2018 година Скопскиот бискуп и епарх Струмичко – Скопски, монс. Киро Стојанов служеше света Литургија во парохиската црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола, а во сослужение на парохот дон Паво Шекерија.
Свеченоста започна со свечена процесија предводена од министраните. За време на проповедта монс. Киро Стојанов ги поведе присутните низ историјата на спаесение, покажувајќи како Божјото срце се објавува во Стариот Завет и на крајот како склопува нов и вечен Сојуз преку Исусовото прободено Срце. Тогаш сега и секогаш Бог ни зборува „Јас сум љубов“ и тоа се гледа преку сето она што тој го прави за нас.
На крајот од прославата парохот Шекерија се заблагодари на сите кои дадоа свој придонес при подготовката: од уредувањето на сакралниот простор, подготовката на агапе, како и на чесните сестри Усмилинки, кои го анимираа евхаристиското славење.
После заедничкото дружење бискупот Стојанов се задржа во разговор со семејства од Неокатекуменскиот пат во Битола, а потоа заедништвото продолжи во манастирот на сестрите Усмилинки во Битола.
Овој свечен ден за парохијата во Битола заврши со Евхарисско обожавање и свечена вечерна.
За патрониот празник „Пресвето Срце Исусово“ верниците од Битола духовно се подготвија со тродневница односно пред секоја света Литурија се молеше Златна Бројаница и литанија до Пресвето Срце Исусово, а за време на Лиургијата дон Паво во своите проповеди зборуваше за тоа како Светото Писмо го сфаќа поимот срце.
к.мк