Бискупот Стојанов со бискупите од Босна и Херцеговина го посетија епископот тетовско-гостиварски Јосиф

Бискупот Стојанов со бискупите од Босна и Херцеговина го посетија епископот тетовско-гостиварски Јосиф

Во четврток, 05 септември 2024 година, во утринските часови, бискупот  Стојанов заедно со гостите од Босна и Херцеговина, надбискупот монсињор Томо Вукшиќ и бискупот Бањолучки монсињор Жељко Мајиќ, монсињор Паво Јуришиќ и други членови на придружбата, кои престојуваат во Македонија, по повод одбележувањето на 25-годишнината од епископската служба на бискупот Стојанов, ја посетија Тетовско-гостиварската епархија во Тетово, каде беа примено од епископот Јосиф и неговите соработници, како и од директорот на Комисијата за верски заедници при Владата на Македонија, г. Даријан Сотировски.

Со братски изрази на добредојде до гостите, епископот Јосиф им ја покажа главната манастирска црква Свети Атанасиј во Лешочкиот манастир. Зборувајќи за историјата на црквата, тој ги запозна присутните со моштите на свети Кирил Лешочки, кој е прогласен за светец во 2022 година, кој е значаен за историјата на Македонската црква како обновувач и просветител. Потоа се упатија кон најстарата црква Успение на Пресвета Богородица, која некогаш била главна црква во Лешочкиот манастир, а датира од 1326 година и е една од најстарите зачувани цркви во Полошкиот крај.

Средбата потоа продолжи во епископската резиденција во пријатна атмосфера, а епископот Јосиф ги запозна гостите за историјата и пасторалното дело на младата Тетовско-гостиварска епархија, истакнувајќи дека особено се радува на секоја средба на која тој открива братска поддршка.

Надбискупот Вукшиќ му се заблагодари на епископот Јосиф за срдечната средба и гостопримството, како и за размената на искуства за христијанското сведочење и послание. Тој потсети дека по повод неговата последна посета на Македонија, се сретнал со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Стефан, а потсети и на неговото литургиско воведување во надбискупската служба во сараевската катедрала, каде што присуствуваше и директорот Сотировски на кого пак му се заблагодари за добрата служба и односот кон секоја верска заедница.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот