Бискупот Стојанов се сретна со министерот Оливер Спасовски и директорот на КОВЗГ Даријан Сотировски
Во понеделник 27 декември 2021 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов во својата резиденција на Водно ги прими г-дин Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и г-дин Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религизони групи.
Во срдечна и божиќна атмосфера гостите лично на бискупот Стојанов му го честитаа празникот Рождество Христово, посакувајќи му благослов и многу успех во годината која доаѓа, а разговараа и за прославата на празниците кои претстојат.
Од своја страна бискупот Стојанов ги пренесе импресиите од празнувањето на Божиќ во заедништвото со Божјиот народ и воедно им се заблагодари на честитките, како и на нивното внимание, подршка и подготвеност за соработка.
Ватикан њуз/к.мк