Во недела 7 мај 2023 година во Резиденцијата на Водно во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов се сретна со господин Звонко Милас, државен секретар за Хрватите надвор од Хрватска. На средбата присуствуваше и о. Винко Маслаќ, катедрален парох во Скопје, а во придружба на господин Милас беа г-дин Милан Бошњак, амбададорката г-ѓа Нивес Тигањ и г-ѓа Ана Вучиќ.
Во пријатна и срдечна атмосфера соговорниците разговараа за културната дејност на Хрватите во Македонија, за културно-духовните активности што ги презема Црквата во соработка со Амбададата на Хрватска во Македонија, како и за хуманитарната дејност
На средбата стана збор и за неодамнешната присутност на бискупот Стојанов на инаугурацијата на новиот загрепски надбискуп монс. Дражен Кутлеша.
Ватикан њуз/к.мк