Бискупот Стојанов на 21. Европски молитвен појадок во ЕП во Брисел

Бискупот Стојанов на 21. Европски молитвен појадок во ЕП во Брисел

Во среда 5 декември 2.2018 Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов учествуваше на 21. европски молитвен појадок во Европскиот парламент во Брисел на покана на хрватската претставничка Маријана Петир каде што имаше 400 политичари, дипломати, јавни личности од Европа и светот.

На почетокот на Европскиот молитвен појадок на присутните им се обрати Алојз Петерле, словенечки претставник, а потоа и американскиот сенатор Бил Хигтовер. Овогодинешните главни говорници беа финскиот министер за надворешни работи Томо Соини и претставничката во австрискиот парламентот Гудрун Куглер која го пренесе личното искуство како да се прилагоди верскиот аспект со бројните секојдневни обврски, сведочејки ја важноста на верата и приликата за нејзиното избирање за претставничка во австрискиот парламент. Таа исто така се обрати за важноста на залагањето за општочовечки вредности и семејството како и за охрабрување и поддршка на оние кои јавно делуваат. Финецот Томо Соини се заблагодари за поканата велејќи дека позади него е тешко време поради преиспитување на неговото делување и залагање за слободна вероисповед и право на живот.

Претставничката Петир, која ја предводеше и завршната молитва, молејќи за прогонетите христијани, со оваа пригода истакна дека „секоја година во целиот свет се одржуваат стотина слични собири како би изградиле вистинска заедница меѓу нациите. Ова е можност за продлабочување на врските, молитви за политичките лидери и сите политичари, како и за предизвиците со кои секојдневно се среќаваат во Европа, и затоа ми е драго што повторно имав прилика да учествувам во организацијата на Европскиот молитвен појадок”.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот