Бискупот Стојанов на празникот на Сите Свети служеше света Литургија на гробиштата Бутел во Скопје

Бискупот Стојанов на празникот на Сите Свети служеше света Литургија на гробиштата Бутел во Скопје

Бискупот Стојанов во сослужение со катедралниот парох о. Винко Маслаќ, катедралниот викар о. Маријан Бешлиќ и канцеларот о. Марјан Ристов на празникот на Сите Свети, 1 номеври 2022 година, ја предводеше светата Литургија на гробиштата Бутел во Скопје.

Во својата проповед бискупот Стојанов рече: Гробиштата е место на надеж. Надежта која овде ја исповедуваме втемелена е на Божјото слово. Ако сме доволно јаки и собрани можеме во својата душа да слушнеме и одек на потврда од нашите покојни дека тоа е така. Овде е почивалиште на големо мноштво кое сега никој не може да го преброи. Но, нивните души, бидејќи се крстени, облечени во бели алишта стојат пред Јагнето и во заедништвото на ангелите порачуваат: Спасение и слава на нашиот Бог. Денес гробовите се погласни од било кој говор, бидејќи ни порачуваат дека нашиот земски живот помина, но не и ние.

Празникот на Сите Свети не поврзува во исповедувањето на темелните верски вистини за Бога и човекот. Неприфатливо е да се верува во Бог кој го уништува човекот. Нашиот Бог не го уништува, туку само го собира и тоа како зрели плодови, го дарува тој живот за кој е создаден, за вечниот живот, Бог е вечен. Затоа ја исповедуваме верата во Бог на живите, а не мртвите. Ја исповедуваме верата во Бог животворниот кој над овие гробови бдее и сее надеж на воскресение. Бог денес не собра овде да погледнеме во гробот но и да ги подигнеме своите очи кон небото и да ја исповедаме верата во Човекот кој е повеќе небесен отколку земски. Веруваме во заедништвото на човекот со Бога таму каде трае животот што не познава страдание, што не познава солзи, што не познава болка, а ниту преодност. Конечно оваа е и место на молитва да со својата љубов искажана во молитвата помогнеме на оние души, на нашите ближни, кои можеби сеуште не се достигнале вечно блаженство.

Заминувајќи оттука дома да ги понесеме во своите души овие вистини: гробиштата е место на надеж, гробиштата е место на благодарност, гробиштата е место на љубов и гробиштата е сведоштво на вечниот живот. Тоа е место на кое се моли, на кое се сеќаваме и на кое се учи мудрост на животот. Нека сите свети не заговараат пред Бога и нека не поврзат во единството на верата, надежта и љубовта, заклучи бискуп Стојанов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот