Бискупот Стојанов ги прими претставниците од хорот на Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје
Во понеделник 27 декември 2021 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов во својата резиденција на Водно прими претставници на хорот на Скопската катедрала, заедно со диригентката маестро Јулија Нелковска.
Во пријатна божиќна атмосфера бискупот Стојанов потсети на важноста на сакралната музика во Литургијата и се заблагодари на членовите на хорот при Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје и диригентката маестро Јулија Нелковска за нивната пожртвуваност и скапоцено волонтерско ангажирање, преку кое им даваат на неделните и празничните свети Литургии во Скопската катедрала посебна убавина и духовност, а сето тоа е збогатено со придружба на оргулите од страна на органистот Кристијан Мирковски.
Средбата на бискупот Стојанов со членовите на хорот на Скопската катедрала продолжи во заедништво и дружење, а во таа прилика членовите на хорот испеа една божиќна песна.
к.мк