Бискупот Стојанов го прими во посета амбасадорот на Црна Гора Н.Е. Зоран Миљаниќ

Бискупот Стојанов го прими во посета амбасадорот на Црна Гора Н.Е. Зоран Миљаниќ

Во вторник, 15 октомври 2024 година, во просториите на епископската резиденција  на Водно, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов го прими во протоколарна посета амбасадорот на Црна Гора во Македонија Н.Е. Зоран Миљаниќ.

Во пријатна и срдечна атмосфера епископот Стојанов, посакувајќи му на црногорскиот амбасадор благослов за неговата мисија во Македонија, го запозна за животот и активностите на Црквата во Македонија. Соговорниците зборуваа и за теми од заеднички интерес и можностите за соработка.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот