Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на ЕУ во Македонија

Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на ЕУ во Македонија

На 5 февруари 2021 година во бискупската резиденција во Скопје бискупот Стојанов го прими во куртоазна посета амбасадор на ЕУ во Македонија, неговата екселенција Дејвид Гир.

На средбата бискупот Стојанов го запозна амбасадорот Гир за животот и активностите на Католичката црква во Македонија, при што е истакната грижата и придонесот на Католичката црква за меѓурелигискиот и меѓуетничкиот соживот.

На средбата исто така стана збор за активностите на Католичката црква во Македонија на социјално поле, при што амбасадорот беше запознат со грижата на Црквата за луѓето во потреба, посебно преку активностите на Македонски Каритас.

Средбата заврши со желба за продлабочување на соработката.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот