Во рајската градина Семоќниот Отец, во чинот кога ја протера Ева, претскажа за раѓањето на една жена која ќе ѝ ја згази главата на змијата и со нејзиното зачнување без дамка од гревот ќе ги поправи штетите од гревот.
Бидејќи настаните од Стариот Завет беа слика на она што требало да се реализира во Новиот, така во многу е засенета Непорочната: во огнената грмушката која гори, а не изгорува, во руното на Гедеон, но особено во стеблото на Јесеј од кое требало да процвета назаретското цвеќе.
Уште од првите векови на Црквата секогаш било чествувано Безгрешното Зачнување на Марија, но сѐ уште не било догма. Конечно, на 2 февруари 1849 година, Папата Пиј IX, инспириран од Бог и Дева Марија, одговарајќи на инсистирањето на епископите и на верниците, на истите им испратил писмо за да ги праша за мислење на секого од нив околу Безгрешното Зачнување. Речиси сите одговориле изразувајќи желба, што побргу да да ја видаат прогласена оваа догма.
На овие совети Пиј IX го додал својот непогрешлив збор и на 8 декември 1854 година, во присуство на понтификалниот кор и голем број владици и кардинали, ја дефинирал како догма на верата вистината за Безгрешното Зачнување на Марија.
Ова прогласување била примена со голема радост и ентузијазам од целиот свет, и без сомнение било едно од најубавите и најбрилијантни камења од круната на Марија. Ако неспоредливо е нејзиното боженствено мајчинство соединето на најчистата девственост, сепак милост и дар е да биде зачната без дамка од првородниот грев. Навистина неопходно е Синот на Марија за да биде без дамка, без дамка треба да биде и неговата Мајка. (…)
Светец на Денот/З.А.