Апостолскиот Нунциј во Ирак е позитивен на КОВИД – 19

Апостолскиот Нунциј во Ирак е позитивен на КОВИД – 19

На само неколку дена пред Апостолската посета на папата Фрањо на Ирак нунцијатурата во Багдад објави дека Апостолскиот нунциј во Ирак е позитивен на КОВИД – 19

Апостолската нунцијатура во Ирак во неделата навечер, на 28 февруари 2021 година, објави дека Апостолскиот нунциј во таа азиска земја, надбискупот монс. Митја Лесковар (51) е позитивен на КОВИД-19, на помалку од една недела пред Апостолската посета на папата Фрањо на Ирак, која е планирана за 5-8 март.

„Апостолскиот нунциј неодамна доби позитивен наод откако беше тестиран на КОВИД-19. Тој има благи симптоми, затоа од самоизолација продолжува да работи на подготовка на Апостолското патување на папата Фрањо“, пишува на Твитер отец Ервин Ленгиел, секретар на нунцијатурата во Багдад.

Монсињор Митја Лесковар е роден на 3 јануари 1970 година во Крањ, Словенија. За свештеник е ракоположен на 29 јуни 1995 година. Во дипломатската служба на Светиот Престол стапува на 1 јули 2001. Работел во Папското претставништво во Бангладеш, во Одделот за општи работи на Државниот секретаријат и во Папските претставништва во Германија и Индија. Во Германија, за време на три години служба, соработуваше со монс. Никола Етеровиќ.

Покрај мајчиниот словенечки јазик, тој зборува италијански, англиски, германски, хрватски, француски и шпански јазик.

Папата Фрањо го именува за Апостолски нунциј во Ирак во мај 2020 година, објави во недела на 28 февруари Католичката новинска агенција (ЦНА).

ЦНА/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот