За време на пладневниот говор папата Фрањо се осврна на литургиските читања, поврзувајќи ги со завршената Епископска синода за Панамазонското подрачје
Папата Фрњао на почетокот од пладневниот говор во недела 27 октомври 2019 година се осврна на првото литургиско читање од книгата Мудрост Сирахова (Сирах 35,12-14;16-18) во кое се спомнува дека молитвата на понизниот продира низ облаците и дека Господ ја слуша молитвата на обеспрравените. Поврзувајќи го тој текст со денес завршената Синода за Амазонија, Папата истакна дека последните три недели, не можеме да се преправаме дека не сме го слушнале крикот на земјата и сиромашните од тоа подрачје.
Не смееме да бидеме рамнодушни на гласот од сиромашните
Гласовите на сиромашните, заедно со гласовите на многу други внатре и надвор од синодското собрание, пастирите, научниците, младите, нѐ поттикнуваат да не останеме рамнодушни – рече Папата и додаде: Често го слушавме изразот “покасно ќе биде прекасно“. Тоа не смее да остане како слоган. Прашувајќи се што беше оваа Синода, Светиот Отец одговори дека станува збор за заедничко одење во кое Господ охрабруваше и утешуваше, напоменеувајќи дека за време на тоа одење едни со други се гледаа во очи, слушајќи искрено и не сокривајќи ги проблемите.
Навестувањето на Евангелието на прво место
Освен ота, Папата се осврна и на поттикот на светиот апостол Павле кој во литургиското второ читање (2 Тимотеј 4,6-8;16-18) пишува: Но Господ беше со мене и ме укрепи, та преку мене да се утврди Благовестието и да чујат сите незнабошци ( 2 Тимотеј 4,17). Еве ја последната желба на Павле. Не бара ништо за себе или за некој од своите, туку заради евангелието, како би било навестено на сите нардои. Тоа е на прво место и има најголема важност – рече Светиот Отец.
Да излеземе од себе за да живееме на Исусов начин
Да се прашаме: Кое добро можам јас да го сторам за Евангелието? – поттикна папата Фрањо и додаде: За време на Синодата се прашувавме, сакајќи да започнеме нови патишта во навестувањето на евангелието. Се навестува само она што се живее. Како би живееле на Исусовиот начин, како би живееле на начин на Евангелието, мораме да излеземе од себе. Почувствуваме поттик да заполовиме на отворено море и да го напуштиме комотното крајбрежје на нашите сигурни пристаништа и да влеземе во длабока вода. Не во вирови со идеолошка вода, туку на отворено море каде Духот нѐ повикува да ги фрлиме своите мрежи.
Ватикан њуз/к.мк