Папата Фрањо во своето пладневна обраќање во недела 2 февруари 2025 година пред молитвата Ангел Господов, пред мноштвото верници и ходочесници присутни на плоштадот Свети Петар, се осврна на Евангелието за Воведувањето на Исус во храмот: „Како сонцето што изгрева над светот, ова Дете ќе го избави од темнината на злото, болката и смртта“.
Папата Фрањо ја посвети својата катехеза пред молитвата Ангел Господов на празник Воведение Господово.
„Додека Светото семејство го претставува Детето Исус во храмот, односно го прави она што отсекогаш се правело кај Израелскиот народ, од колено на колено, се случува нешто што никогаш порано не се случило. Две стари лица, Симеон и Ана, изговараат пророштво за Исус: Го слават Бога и зборуваат за Детето на сите што го чекаа откупувањето на Ерусалим, истакна папата Фрањо, додавајќи: „Бог е навистина присутен среде својот народ: не затоа што живее во четири ѕида, туку затоа што живее како човек меѓу луѓето“.
Марија и Јосиф се восхитуваа за она што се зборува за Исус. Кога Симеон го зема Детето во раце, го повикува на три многу убави начини, кои заслужуваат размислување. Исус е спасение; Исус е светлината; Исус е оспоруван знак.
Светиот Отец истакна дека секогаш сме изненадени од фактот што Божјото спасение е подготвено за сите народи, но и дека севкупното спасение е концентрирано во поединецот. Спомнувајќи уште една карактеристика на Исус како „светлина за просвета на народите“, Папата додаде дека Исус е Сонцето што изгрева над светот, за да го избави од темнината на злото, болката и смртта.
На крајот, Детето кое Симеон го држи во рацете е оспоруван знак „за да се откријат мислите на многу срца“. Исус ги објавува критериумите за просудување на целата историја и нејзината драма, но и животот на секој од нас. Тој критериум е љубовта: кој љуби живее, кој мрази умира.
„Просветени од средбата со Исус, да се запрашаме: Што очекувам во мојот живот? Која е мојата голема надеж? Дали моето срце сака да го видам лицето Господово? Дали го чекам откривањето на Неговиот план за спасение за човечкиот род? Да ја молиме Марија, пречистата мајка, да не придружува во светлата и сенките на историјата, во нашиот од во пресрет на Господ“, рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк