Ангела Меркел: Верувам во Бог
Во интервју германската канцеларка Ангела Меркел проговори за религијата и верата, како и за веронауката во училиштата. На прашање дали верува во Бог и на што се надева, германската канцеларка одговори:
„Верувам во Бог и религијата всушност ми е придружник низ целиот мој живот. Ќерка сум на пастор и христијанскиот живот навистина ми е познат. Ослободувачка мисла за мене е дека како христијанка смеам да погрешам и дека постои некој кој е „поголем“ од самиот човек. Повикани сме да го обликуваме и градиме овој свет во одговорност кон другите. И тоа всушност е мојата животна рамка која ми е многу важна.“
Според Ангел Меркел Евангелската и Католичката црква имаат иднина во Германија и додава:
„Има многу луѓе кои прашуваат за верата. Црквата секогаш би требало да биде подготвена да се прилагоди и да пружи нови структури… Таа треба да биде жива да тргне од човекот и да оди кон поединецот. Треба таму да делува каде што луѓето стојат со нивните проблеми.“
Освен тоа, смета дека Црквата треба да биде способна и подготвена да води дијалог со човекот за основните прашања за верата. Многумина не го знаат основното за христијанството, не знаат за црковните празници, обичаи итн.
На прашање што би било кога религијата би станала табу-тема, бидејќи многумина сметаат дека е лична работа и дека веронаука не би требало да има во училиштата, канцеларката одговара:
„Секако, се работи за одлука. Некој е христијанин, а друг е припадник на друга религиска заедница: значи навистина се работи за сопствен избор. Лично сметам дека Евангелието како такво зборува дека не треба да го потиснеме и дека треба да можеме да кажеме од каде црпиме сила за нашите одлуки. Добро е што имаме веронаука во училиштата. Тоа не е настава како во останатите предмети во кои се стекнува знаење. Ова настана има врска со „признавање“. Тие учат да ја признаат својата веросиповед и да ја признаат и почитуваат на другиот со друга вероипсовед.“
Германската канцеларка вели дека односот помеѓу религиите треба да биде исполнет со толеранција и почитување. Разликите не треба да се сокриваат туку јасно да се именуват за да бидат еднакво вредни. Христијаните не би требало да се двоумат за да ја застапуваат својата вера.
Извор: gekreuzsiegt.de
К.мк/Д.И.