Албанските епископи објавија соопштение во кое изразуваат солидарност со сите луѓе кои земјотресот им остави рани на телото и на душата. Активирани се добротворните институции за луѓето погодени од земјотресот.
Во овој момент на длабока тага за секој од нас, а посебно за луѓето кои трпат заради последиците од земјотресот, Црквата во Албанија и нејзините верници, како и солидарните сестрински Цркви од разни земји во светот ја изразуваат својата најдлабока солидарност – стои во изјавата на албанските епископи, објавена откако разорниот земјотрес со магнитуда од 6,4 според Рихтеровата скала ја погоди таа земја ноќта понеделник спрема вторник. Епископите се присетија на луѓето чии животи нагло е прекинат и на членовите на семејствата изразуваат најискрено сочувство. Освен тоа, на сите ранети луѓе им ја гарантираат својата молитва и близина.
Се молиме за надеж и препород и се надеваме дека од оваа неизмерна тага ќе излеземе силни – порачаа епископите и повторно ј изразуваат својата близина и понудија помош на сите организации кои активно се залагаат за спасувањето на животи. Напоменуваат исто така дека црковните добротворни организации се на терен за да им помогнат на најтешко погодениот дел од населението. На крајот од соопштението бараат од сите свои свештеници да служат света Литургија која се служи за посебна накана во случај на земјотрес.
Епицентрот на земјотресот кој ја погоди Албанија беше во близина на Драч на северното крајбрежје, а земјотресот се почувствувал и во главниот град Тирана како и на подрачјето на околните држави, вклучувајќи ја и Македонија. Загинаа повеќе од 40 луѓе додека околу 600 се ранети. Војската, цивилната заштита и Албанскиот Каритас без прекин даваат помош на прежевеаните. Помош понудија и голем број европски земји и организации.
Директорот на Албанскиот Каритас отец Антонио Леучи во разговор за Радио Ватикан истакна дека сите се мобилизирани за да им помогнат на прежевеаните. Жртвите од земјотресот Каритас ги згрижува со храна и со основните потреби, соработувајќи притоа со цивилните власти. Тоа мора да биде координирана соработка затоа што со заедничко делување можеме повеќе да им помогнеме на раселените луѓе – истакна отец Антонио.
Ватикан њуз/к.мк