55 години од енцикликата „Pacem in terris – Мир на земјата“

55 години од енцикликата „Pacem in terris – Мир на земјата“

На 11 април се навршија 55 години од објавувањето на енцикликата на папата Иван XXIII за мирот “Pacem in terris – Мир на земјата”. Ова е осма енциклика на “Добриот Папа”, како што беше наречен Иван XXIII и последна во неговиот понтификат, затоа многумина ја сметаат за негов духовен завет за Црквата и сите луѓе со добра волја, верниците и неверници, на кои за кои прв пат се обраќа една енциклика”, коментира Ватикан њуз за овој Папски документ.

„Pacem in terris” е нашиот дар за Пасхата Господовоа во 1963, рече папата Иван XXIII во радиопосланието на 13 април, Велика сабота. Документот го објаснува размислувањето на Црквата по прашањето за мирот, кој е синтеза на сите елементи кои водат кон вистинскиот мир во личниот, семејниот и општествениот живот. Во ерата на Студена војна, беснеат конфликти во Виетнам, Африка и Латинска Америка, во која нуклеарната закана надвиснува над светот, Иван XXIII предупредува дека „мирот ќе остане само на зборови, ако не се базира врз еден ред, основан врз вистината, изграден според правдата, оживеан и искусен со милоста и применет во услови на слобода”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот