Папата Фрањо: Бенедикт XVI, голем учител по катехеза

Папата Фрањо: Бенедикт XVI, голем учител по катехеза

Пред почетокот на катехезата на Генералната аудиенција, Папата ги поттикна сите да се соединат со сите оние кои молат за почесниот Папа. Тој нагласи дека неговата мисла не е автореферентна, туку еклезијална, бидејќи секогаш сакал да нѐ придружува за да се сретнеме со Исус. Светиот Отец повторно поттикна на молитва „маченикот украински народ кој толку многу страда“

Луѓе од целиот свет продолжуваат да му оддаваат почит на Бенедикт XVI, чие тело е изложено во базиликата Свети Петар. Тој тивок и трогателнен од беше придружен од зборови на папата Фрањо кои беа искажани на Генералната аудиенција во среда 4 јануари 2023 година, во салата Павле VI., кој утре, на плоштадот Свети Петар ќе го предводи погребниот обред, а претходно во 8.40 часот ќе се моли Бројаница.

Пред да ја започнам оваа катехеза, сакам да се соединиме со сите оние кои во наша близина му оддаваат почит на Бенедикт XVI и сакам да ги насочам моите мисли кон него, кој беше голем учител по катехеза. Неговата остроумна и учтива мисла не беше автореферентна, туку еклезијална, затоа што секогаш сакаше да нѐ придружува за да се сретнеме со Исус. Исус, Распнат и Воскреснат, Жив и Господ, беше целта кон која нѐ водеше папата Бенедикт, држејќи нѐ за рака. Нека ни помогне да ја откриеме во Христа радоста на верата и надежта за живеење.

Кој верува никогаш не е сам!

По катехезата, поздравувајќи ги ходочасниците од германско говорно подрачје, папата Фрањо повторно ги истакна зборовите на – како што рече – „драгиот наш благоупокоен Бенедикт XVI“, и рече: „Кој верува никогаш не е сам! Кој го има Бога за Отец има многу браќа и сестри. Деновиве на посебен начин доживуваме колку таа заедница на верата е универзална и дека не завршува дури ниту со смртта.“

Да не се умориме да молиме за украинскиот народ

Обраќајќи им се на ходочасниците кои зборуваат италијански, Папата го спомена претстојниот празник Богојавление и рече: „Знајте, како мудреците, со отворени срца да го барате Христос, светлината на светот и Спасителот на човечкиот род“. На крајот, Светиот Отец ги охрабри сите да истраат во близината и солидарноста со маченичкиот украински народ кој толку многу страда, повикувајќи го за него дарот на мирот. Да не се измориме во молитвата и додаде: Украинскиот народ страда. Украинските деца страдаат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот