10 интересни работи за Божиќ кои можеби не сте ги знаеле

10 интересни работи за Божиќ кои можеби не сте ги знаеле

1.Во светот постојат шест града и села кои се наречени Витлеем, зборот Витлеем значи „куќа на лебот“.

2.Првата сцена на Христовото раѓање ја направил свети Фрањо Асишки во една пештера во италијанскиот град Гречо. Тие биле „живи јасли“ затоа што свети Фрањо ставил новороденче меѓу волот и магарето.

3.На местото на пештерата каде Исус е роден во IV век е изградена базилика. Големата сребрена ѕвезда со натписот на латински јазик ,,Овде Дева Марија го роди Исуса Христа” го означува местото каде Марија го положила Исуса.

4.Во 330 година е одреден датумот 25 декември како датум за славење на роденденот на Исус. Во тоа време во Рим на тој ден се славел празникот Непобедливо сонце – Наталис Солис, Дионис во Грција, а старите Египјани го славеле раѓањето на Хорус.

5.Грофот Никола Монте Мелини во 1709 година напишал неколку стихови и реченици со убави желби за Божиќ и ги испратил на неговите пријатели и роднини, затоа тој се смета за пронаоѓач на божиќните честитки. Иако идејата била добро прифатена, испраќањето на божиќните честитки се раширила во текот на 19 век, кога две печатници во Милано почнале да продаваат разгледници со соодветни цртежи.

  1. Австриските и германските власти го забраниле ликот на Дедо Мраз тврдејќи дека тоа е производ на Кока-Кола и тоа го одвлекува вниманието на луѓето од вистинското значење на празникот. Иницијативата за оваа кампања е започната во Виена, каде што традиционалните подароци ги носи Свети Никола.
  2. На чешкиот крал Вацлав може да му се заблагодари за обичајот печење на разни колачи и дарувањето на сиромашните и немоќните. Приказната кажува дека Вацлав од прозорците на кралската палата ги видел сиромашните како се замрзнуваат на улицата, бараат нешто за да се стоплат, тогаш тој наполнил една кошница со храна и им ја однесол. Тој исто така подготвил божиќна трпеза за неговите најсиромашни поданици. Тоа било во X век.

8.Песната ,,Тивка ноќ”, оргинално ,,Stille nacht”, ја напишал парохот на австрискиот град Оберндорф, Јозеф Мор, а музиката ја напишал професорот по музика Франц Грубер откако во 1818 година се расипале оргулите во парохиската црква.

9.Во австрискиото село Кристкинд (во превод Детето Исус) пристигнуваат илјадници писма насловени до малиот Исус. Од 1950 година локалната пошта им одговара на сите кои пишуваат, а поштенската марка се менува секоја година. Адреса: Детето Исус Christkind, Postamt, A-4411 Christkindl, Австрија.

10.Според еден документ од средината на 17 век, првото дрво со запалена свеќа се смета елката во дворецот Хајделберг на чии гранки во 1650 година на свадбата на францускиот војвода, која била на Божиќ, за прв пат блескала вистинска свеќа, симболизирајќи ја светлината што ја носи Исус со своето раѓање.

Битно.нет/Тања Стојанова/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот