Твитер порака на Папата: Божјата врата секогаш е отворена

Твитер порака на Папата: Божјата врата секогаш е отворена

Верникот знае дека Божјата врата секогаш е отворена, дека во Него е спасението

Дури и кога би биле затворени сите човечки врати, Божјите врати се отворени – со овие зборови од Книгата Псалми, папата Фрањо во Твитер пораката објавена на 14 јануари 2022 година сакаше да ги потсети верниците – како што рече на Генералната аудиенција на 14 октомври 2020 година – дека Божјите врати секогаш се отворени. Господ нè слуша. Оној што се моли не се залажува – истакна тогаш Папата – знае дека проблемите во животот не можат секогаш да се решат, но сигурен е дека Бог го слуша и тогаш сè станува поподносливо. За Бога не сме непознати или само некои бројки. Ние сме лице и срце, кој Тој ги знае, секој по име. Верникот знае дека Божјата врата секогаш е отворена, дека во Него е спасението.

Најлошото што може да се случи е да страдаме во напуштеност, никој да не нѐ спомнува. Молитвата нè спасува од тоа. Затоа што може да се случи, дури и често, да не го сфатиме Божјиот план – истакна Папата. Но, нашите крици не остануваат овде долу; се вознесуваат до Него, Кој го има срцето на Отец и кој плаче за секој син и ќерка што страда – рече Папата и ја истакна важноста да се остане поврзан со Бог; така и во тага животот се отвора хоризонтот за добро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот