Списанието „Desk“ за праведноста и новинарството на мирот

Списанието „Desk“ за праведноста и новинарството на мирот

„Раскажувј праведност“ – е темата на последниот број на списанието „Desk“, која го објавува католичката унија на италијанскиот печат (UCSI).

Списанието кој се појавува во нов графички облик зборува за новата реалност на новинарството и комуникацијата, за уверувањето дека е здрава таа информација која ја бара вистината, неизбежниот темел на демократијата и градителот на општото добро. Во последните неколку месеци списанието се занимава со начинот на кој информацијата се прикажува и ги следи големите општествени процеси на нашето време, од работата до миграцијата, од мирот до праведноста – истакнато е во соопштението од унијата.

Да се појде од зборовите на папата Фрањо

Меѓу темите кои се обработуваат во последниот број се наоѓа тешкиот однос помеѓу судството и информациите, потоа медијацијата во решавањето на конфликтите, затворот, лихварството, тешките патишта за помирување и надомест, и тагата и прошката на жртвите. Знаењето на мудрите луѓе ја опишува праведноста како желба за признавање на секој човек она на што има право, додека старите пророци ја сметале за темел на вистинскиот и трајниот мир – се зборовите на папата Фрањо кои ги кажа во Мјанмар, а кои – како што истакна Ванија Де Лука, национална посредничка на Католичката унија на италијанскиот печат – даваат силен потик и на нас за целта која ја одредивме за тој прв број на списанието „Desk“ во 2018 година, насловен „Раскажи праведност.“

Новинарство на мирот

Во списанието голем простор е посветен и на последната порака на папата Фрањо за Светскиот ден на социјалната комуникација, на тема „Вистината ќе ве ослободи. Лажните вести и новинарство на мирот.“ Новинарката Паола Спрингети во таа смисла посебно истакнува дека Папата не сака новинарство кое го негира постоењето на големите проблеми и кое поприма сладок тон, туку напротив сака да упати на новинарство без преправање, спротивно на лагите, на силните параболи и звучните изјави; новинарство кое го прават луѓе за луѓе и кое се сфаќа како служење на сите луѓе, а посебно на оние – кои се мнозинство во целиот свет – кои немаат глас.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот