Проповед на Н. Е. Кард. Леонардо Сандри по повод инаугурацијата на новата Епархија струмичко-скопска и интронизацијата на првиот епархиски епископ монс. Киро Стојанов

Проповед на Н. Е. Кард. Леонардо Сандри по повод инаугурацијата на новата Епархија струмичко-скопска и интронизацијата на првиот епархиски епископ монс. Киро Стојанов

 Ваше Високо Преосвештенство Монс. Киро Стојанов, прв епископ на новата Епархија,

Високопреподобен Монс. Паул Бутнару, Секретар на Апостолската Нунцијатура во Македонија,

Ваши Високопреосвештенства,

Ценети Власти,

Преподобни Отци Свештеници, Монаси и Монахињи,

Браќа и Сестри во Христа!

Текстот кој го слушнавме од денешното прво читање од свети Апостол Павле, нѐ поттикнува и ни дава голема одговорност: од пред две илјади години на овие простори се навестува Евангелието Христово, благодарение на оној ваш предок кој се објави на апостолот на Народите „Дојди во Македонија и помогни ни!“

Во современиот свет, Македонија можеби е една мала нација, но е голема по својата историја и особено во Божјите планови: Отецот на нашиот Господ Исус Христос сакаше неговиот избраник, Павле од Тарс, да помине меѓу вас и да ви го предаде Евангелието на животот. Во поново време една мала жена, родена во Скопје, стана голема во Божјите очи и во очите на луѓето служејќи им на најсиромашните меѓу сиромашните, слушајќи го изливот на  истиот крик како оној на Исус од Крстот „ жеден сум“: Мајка Тереза од Калкута, знаеме родена е на овие простори. Овие дарови поединечни се исто така една одговорност, зашто нè прават свесни на богатството кое ни е дадено и кое треба да го чуваме по цена на нашето постоење, следејќи го примерот на нашите претходници. Впрочем од самиот почеток на прифаќањето на Исус Христос со преобраќањето и крштението, кое стана повод за прогони и мачеништво, од страна на тогашните римски императори кои се плашеа од силата на Евангелието, кое би можело да стане погубно за поредокот направен на овие терени под нивна доминација. И на некој начин имаа и право, затоа што империите и царствата пропаднаа, додека остана верно словото Господово дадено на неговите ученици: „Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот  

Христијанството се рашири со животното сведоштво на верата и пред доаѓањето или спознанието на постоење на други народи, проникна неопходност да се живее со нив во истата мисионерска жар како што тоа го правеа првите ученици. Евангелието беше навестувано на секое создание, и повеќе, по делото на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, беше достапно Светото Писмо и Светата Литургија на разбирлив јазик за народот, така беше за јужните Словени, не само по мисионерското делување на светите копатрони на Европа, но исто така на оние што го продолжија нивното дело Климент, Наум, Сава, Горазд, Ангелариј, токму од тука – од античкиот Охрид.

2. Историјата која следеше не беше скржава со други предизвици и страдања, оние заради отоманските освојувања, како и оние поврзани со верноста кон Римскиот епископ. Поради Кукушката унија, која се случи во 1859 година, на многумина им беше наметнато да ги напуштат своите огништа, единственото што можеа да го понесат со себе беше богатството на нивната вера, истата таа вера за која – ни зборува Светото Писмо – и која не може да биде уништена, односно подјадена од црвот и од ‘рѓата.

Повикани сме да не паѓаме во измамите во кои паднаа тоталитарните режими во источна Европа и на Балканот, можноста да се  служи култот и да се живее верската слобода е навистина освоена: можеби на посуптилен начин тоа е поткопано и загрозено во нас, а особено во помладите генерации. Генерации на кои Светиот Отец Фрањо, кој сите вас ве поздравува и ми порача да го пренесам неговиот Благослов, сакаше да го посвети одразот на неодамнешната Синода на Епископите.

Кога ќе се најдеме во беда или кога нашиот идентитет е загрозен, крикот и молитвата кон Господа стануваат посилни; кога се мисли дека е достигната една сигурна внатрешна и надворешна стабилност, нѐ понесува мислата дека можеме без Господ и дозволуваме да бидеме носени од сенките на различни доктрини. Самата Европа, на која корените и се основани врз христијанска традиција, ризикува често, не само што ги има заборавено тие работи во своите конститутивни документи, туку пред сѐ во мислата и во делата се заборава човекот и неговото достоинство, Европа која на незадоволителен начин прогонува заштита на индивидуалните права, а и недостасува солидарност за оние кои се посиромашни и кои се во потреба. Светите браќа Кирил и Методиј работеа за заедништво на различни народи и Нации, денес сме сведоци на поделби меѓу блокови и страни, етикетирајќи ги другите реципрочно како „лоши“ наместо да бараме дијалог и заедништво. Можеме да бидеме егоисти затварајќи ги границите, но исто така и држејќи ги отворени и потоа не соработувајќи со светот за градење на праведни односи, во кои исто така и посиромашни нации, можаат да се развиват без да бидат само експлоатирани (искористени) и оние кои се повеќе време во војна – како на Блискиот Исток – да можат да најдат конечно мир, кој се чини не им се допаѓа на многуте трафиканти и трговци на смрт.  Приемот што во Македонија, во блиското минато им го пруживте на многу сиромашни, кои тргнаа од своите земји во барање на стабилност и надеж, е еден знак на христијанската надеж и на автентичната човечност.

3. Одлуката на Светиот Отец, за воздигнување на Егзархатот за верниците од византиски обред во Македонија, во Епархија – Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје, е признавање на патот кој достигна до полно созревање: достигнување и заеднички почеток на напредок, исполнувајќи го срцето со помислата дека радоста на Христовото Евангелие може да стигне до секој човек на овие простори, особено тие кои сѐ уште не го знаат или се оддалечиле од Него.

Вториот Ватикански Концил (собор) и уште пред да ни се достават документите за идентитетот на Источно-католичките цркви (Orientalium Ecclesiarum), меѓу кои сте и вие, ни понуди во документот Lumen Gentium (Светло на Народите) една прекрасна дефиниција за Црквата: Божјиот народ низ историскиот од.

Како што погоре потсетивме, во минатото бевте силни во верата и секогаш исполнети со блажена надеж во второто славно доаѓање на Спасителот, времето на Божиќниот пост кое го живееме, во славењето нѐ учи на нашиот однос кон Оној кој овоплотен ќе дојде во Витлеем, повикани сме да го живееме сегашниот момент како ходочесници (поклоници) водени од оној кој е поставен да биде ваш Пастир. Монс. Киро, кој веќе ве придружуваше во сите овие години, сега уште повеќе го живее  повикот на овоплотувањето како што слушнавме во Евангелието по Иван: да биде добар пастир, како Христос, кој ги познава своите (овци) и ги вика по име, кој се грижи за слабите и ранетите, кој нуди храна на бујните пасишта и вода во сушата, исполнувајќи го во сите овие ставови дарот на животот, со сета посветеност додека е жив. Мачеништвото не е само пролевање на крв, како што за жал им се случува и во наше време на многу наши браќа и сестри во светот – но пред сѐ е вистинско сведочење и вистинска секојдневна посветеност која не е можна само со наша добра волја, туку пред сѐ со цврсто останување на Исусовите патеки, како ученици кои сме повикани да бидеме Учители.

4. Ги доверуваме Владиката, неговите свештеници и сите вас драги верници во Христа, во застапништвото на Пресветата Мајка Божја: Светиот Отец сакаше да ве постави целосно под тајната на Нејзиното Успение и Вознесение на небото. Ова нѐ прави сигурни дека Таа, во славата на Својот Воскреснат Син, ја живее обврската добиена од Него под крстот: да биде Мајка.

Ни помага со својата молитва да не се почувствуваме никогаш осамени во тешкотиите на животот, моли за нас да имаме сила во служењето на браќата како што Таа го правеше кај нејзината братучетка Елисавета, како што правеше света Мајка Тереза од Скопје (Калкута) и нека ни е пример во прифаќањето на Словото секој ден, чувајќи го во срцето за да стане Слово на Живот. Амин.

 

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот