Повик за помош од Католичката црква во Македонија за поплавените подрачја!

Верниците католици и сите луѓе со добра волја се повикуваат да дадат свој прилог и помош за подрачјата погодени од поплавите во нашата татковина. Тоа може да се направи во сите храмови – цркви, капели и манастири на Католичката црква во Македонија. Исто така и директно во каритативната – хуманитарна организација на Католичката црква „Каритас“.

Сите собрани средства за таа намена ќе бидат предадени на најпогодените. Помошта собрана во постелина, облека и друг вид помош потребни за домакинствата ќе бидат предадени преку Црвен Крст на Македонија.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот