Писмо на Папата до големиот имам на унивезитетот Ал-Азхар

Писмо на Папата до големиот имам на унивезитетот Ал-Азхар

По повод меѓународната конференција за поддршка на Ерусалим, одржана на 17 и 18 јануари 2018 година на унивезитетот „Ал-Азхар“ во Каиро, папата Фрањо испрати писмо до големиот имам на тој главен академско теолошки центар на сунитскиот ислам.

Само со посебен статут, меѓународно загарантиран може да го сочува идентитетот, единствената улога да биде место на мирот, и неговата универзална вредност – напиша Папата во пораката која освен тоа го истакна заземањето на одговорните во народите, како и граѓанските и верските власти, во спречувањето на нови тензии; и постојаниот повик на Светиот Престол на повторно воспоставување на дијалог помеѓу Израелците и Палестинците со цел договорно решение насочено на мирен соживот на двете држави, внатре во границите кои заедно се договориле и кои меѓународно се признати.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот