Папата Фрањо: Спортот е во служба на човекот

Папата Фрањо: Спортот е во служба на човекот

Говорејќи пред менаџерите и спортистите на Италијанската одбојкарска федерација, кои ги прими во аудиенција, Папата се потпре на фазите од играта на тој спорт за да нагласи дека и во животот сме во служба на целта што ни е потребна да ја постигнеме заедно: поставувањето „ѕид“ за вас не е последниот чин; скокот во височина е отстапување од материјалноста, а со тоа и од интересите кои му штетат на спортскиот дух

Во спортот не постои само индивидуална димензија, туку секој е дел од тимот, а тимските играчи се како членови на телото. Посебно во одбојката постои подигање додавање до соиграчот чија задача е да ја заврши акцијата. Играчот никогаш не е сам, секогаш има кој да послужи – ова се размислувањата на папата Фрањо кои им ги упати до членовите на Италијанската одбојкарска федерација, примајќи ги во аудиенција во понеделник 30 јануари 2023 година. Во присуство на околу 300 луѓе, Папата даде некои инструкции почнувајќи од основите на одбојката.

На крајот Светиот Отец ги поздрави членовите на Италијанската одбојкарска федерација, охрабрувајќи ги секогаш да бидат сведоци на праведноста и преданоста. Посебно ги имаше на ум младите луѓе. Многу млади луѓе ве гледаат и навиваат за вас; вие сте пример за нив, не ги разочарувајте! – ги охрабри Папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот