Папата Фрањо: Медиумите нека бидат сејачи на надеж

Папата Фрањо: Медиумите нека бидат сејачи на надеж

Како сејачи на надеж за подобра иднина за време на оваа пандемија, христијанскиот новинари и сите средства за социјална комуникација треба да спречат луѓето да се разболат од осаменост и да се ангажираат како би примиле зборови на утеха, истакна папата Фрањо на 19 септември 2020 година примајќи ги членовите на редакцијата и администрацијата на неделникот „Терцио“, кој слави 20 години.

Меѓу другото Папата напомена дека информацијата кога е квалитетна овозможува подобро да се разберат проблемите и предизвиците со кои светот мора да се соочи, а поттикнува на одредени однесувања. Освен, тоа, христијанските медиуми треба да даваат квалитетна информација за животот на Црквата во светот, способни да придонесат за обликување на совеста – истакна папата Фрањо

Истакнувајќи дека името на неделникот потсетува на Апостолското писмо на свети Иван Павле II., ‘Tertio millenio adveniente’, кое го напиша во пресрет на големиот Јубилеј 2000 година како би ги подготвиле срцата да се прифати Исус и неговата ослободителна порака, папата Фрањо објасни дека тоа не е само повик на надеж, туку сака исто така да овозможи да се слушне гласот на Црквата и христијанските интелектуалци на медиумското поле, кое сѐ повеќе е секуларизирано, за да се збогати со конструктивно размислување. Барајќи позитивно гледање на луѓето и фактите, одбивање на предрасудите, станува збор за поддршка на културата на средба преку која е можно со доверба да се запознае стварноста.

Христијанските медиуми даваат и можат да даваат уште повеќе важен придонес како во христијанските заедниците би се развил стил на живот, ослободен од било каков вид предрасуда и исклучување. Далеку од озборувањето кое го затвора срцето на заедницата, го затвора единството на Црквата поттикнати од големиот клеветник, ѓаволот – рече папата Фрањо потсетувајќи на своите зборови од пладневниот говор на 6 септември оваа година.

Затоа комуникацијата е важно послание за Црквата, а христијанските комуникатори на многу конкретен начин го остваруваат Господовиот повик да одат во светот и да го навестуваат евангелието, но со висока професионална свест. Должност на христијанскиот новинар e да се даде ново сведоштво во светот на комуникациите, не сокривајќи ја вистината и не манипулирајќи со информацијата. Имено во збрката гласови и пораки кои нѐ опкружуваат, потребна ни е човечката приказна која зборува за нас и она убавото што е во нас – напомена Папата.

Христијанскиот стручњак за информирање затоа треба да биде гласноговорник на надежта, носител на доверба за иднината. Навистина, само кога иднината е прифатена како позитивна и можна стварност, тогаш е возможно да се живее и во сегашноста. Таквото размислување денес може да ни помогне да поттикнуваме надеж во времето на пандемијата низ која поминува целиот свет. Вие сте сејачи на надеж за поодбра иднина. Во контекст на оваа криза важно е средствата за социјална комуникација да придонесат луѓето да не се разболат од осаменоста и да можат да примат зборови на утеха – истакна Папата.

На крајот цитирајќи зборови од свети Иван Павле II. Светиот Отец истакна дека Црквата со доверба и очекување гледа на нив, кои работата на полето на културата и комуникациите, затоа што се повикани да го читаат и објаснуваат денешното време и да пронајдат патишта за комуникација со евангелието во согласност со изразувањето и чувствителноста на современиот човек. Станува збор за работа во служба на средбите меѓу луѓето и општествата, кои Папата ги довери под заштита на Пресвета Богородица.

Ватикан њуз /к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот