Папата се заблагодари на Дева Марија за заштитата на ходочастието во Канада

Папата се заблагодари на Дева Марија за заштитата на ходочастието во Канада

Папата Фрањо се врати во Рим и неговото апостолско патување во Канада го заврши со посета на базиликата Света Марија Велика за да се заблагодари на Бога што го благослови неговото „покајничко поклонение“.

Според традицијата, Папата во сабота наутро, 30 јули 2022 година накратко ја посети базиликата Света Марија Велика на крајот од неговото апостолско патување во Канада по враќањето во Рим.

Папата Фрањо положи букет цвеќе на олтарот под древната маријанска икона Salus Populi Romani.

Некое време се задржа во молитва и се заблагодари на Пресвета Богородица за нејзината заштита за време на неговото шестдневно „покајничко поклонение“.во Канада, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата потоа се врати во својата резиденција во Ватикан, каде ќе се одмори од напорното шестдневно патување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот