Павле VI оваа година ќе биде прогласен за светец

Павле VI оваа година ќе биде прогласен за светец

Павле VI до крајот на ова година ќе биде прогласен за светец – рече папата Фрањо во говорот на римските пароси со кои се сретна во четвртокот на 15 февруари 2018 година.

На 17 февруари Канцеларијата за печат на Светиот Престол го објави тој говор на Светиот Отец. Меѓу најинтересните одговори на Папата, посебен впечаток оставија неговоите зборови за канонизацијата на Павле VI.

Двајца римски епископи (од блиско минато) веќе се светци – рече Папата зборувајќи за свети Иван XXIII и свети Иван Павле II и додаде: Павле VI ќе биде свет оваа година. Постапката за беатификација на Иван Павле I е во тек, отворена е – рече папата Фрањо, а потоа се пошегува и рече: А Бенедикт и јас сме на листата на чекање; молете се за нас!

Во проповедта за беатификацијата на Павле VI, на 19 октомври 2014 година, папата Фрањо го нарече „голем Папа“ и „неуморен апостол“, храбар во своето понизно и пророчко сведоштво на љубовта кон Христос и неговата Црква. Додека се исцртуваше секуларизираното и ненаклонето општество – рече – знаеше со далекусежна мудрост, понекогаш целосно сам да го држи кормилото на Петровиот кораб ,не губејќи ја радоста и довербата во Господ.

Павле VI навистина знаеше да го даде на Бог она што е Божјо, посветувајќи го целиот свој живот на светата, свечена и многу тешка обврска: да го продолжи во времето и на земјата Христовото послание, сакајќи ја Црквата и водејќи ја за истовремено да биде нежна мајка на сите луѓе и делителка на спасенито – истакна папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот