Монс. Физикела за мотото за јубилејот 2025 година – „Поклоници на надежта“

Монс. Физикела за мотото за јубилејот 2025 година – „Поклоници на надежта“

На 3 јануари 2022 година, папата Фрањо го одобри мотото за Јубилејната света 2025 година во аудиенција со претседателот на Папскиот совет за нова евангелизација, монс. Рино Физикела.

Папата размислува како Јубилејот 2025 година да се подготви на најдобар можен начин, рече претседателот на Папскиот совет за нова евангелизација, монс. Рино Физикела, кој во интервју за италијанскиот канал Телепаче зборуваше за аудиенцијата кај папата Фрањо на 3 јануари, при што беше одобрено мотото за следната Јубилејна света година. Мотото може да се сумира во два збора, рече монс. Физикела – „Поклоници на надежта“

Како и во случајот со секое мото, смислата на целото јубилејно патување започнува со одбрани зборови кои го сумираат и кои ги истакнуваат клучните теми на понтификатот на папата Фрањо. Во овие две години има многу работа, рече претседателот на Папскиот совет на кој му е доверена организацијата. Неопходно е да се има цврсто подготвителна организираност и да се создаде ефективен начин на работа и додаде дека работите се започнати, но се чекаат дополнителни упатства од Светиот Отец, рече монс. Физикела.

Еден од приоритетите се однесува на приемот на поклониците и верниците, посочи тој. Многумина се очекуваат во Рим за време на Светата година, со надеж дека здравствената состојба во светот нема да влијае на активностите како што е сега. Монс. Физикела потврди дека се во контакт со локалните власти на Рим, регионот Лацио, италијанската влада, за се да се одвива во целосна безбедност и во согласност со капацитетот за прием кој градот секогаш го обезбедува.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот