Македонски Каритас домаќин на претставници од германските бискупски Каритаси

Македонски Каритас домаќин на претставници од германските бискупски Каритаси

Во периодот од 02 до 06 мај 2022, Македонски Каритас беше домаќин на претставници од неколку бискуписки Каритаси од Германија, на студиската посета реализирана преку проект на Еразмус+. Учесниците имаа можност детално да се запознаат со работата, проектните активности и програми што ги имплементира Македонски Каритас.

Најпрво беше организирана работна средба со персоналот во канцеларијата на Македонски Каритас во Скопје, како што добредојде им посака директорот дон Паво Шекерија, по што беа посетени едукативниот центар во Шуто Оризари и ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во Визбегово. Гостите ги посетија и едукативниот центар на Македонски Каритас во Сарај во општина Босилово, Радио Марија, Центарот за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија, како и транзитниот центар за бегалци/мигранти во Табановце на македонско-српската граница.

Претставниците од германските бискупски Каритаси присуствуваа и на промоцијата на монографијата „Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“ и на Зборникот на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“ во организација на Католичката црква во Македонија и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Студиската посета беше можност за размена на професионални искуства, знаења, и научени лекции, особено во областа на работа со мигранти/бегалци, поле во кое се исклучително ангажирани претставниците на бискуписките Каритаси од Германија. Средбата овозможи гостите сеопфатно да се запознаат со активностите на Македонски Каритас.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот