Македонски Каритас ги прими претставниците на Парохискиот Каритас од Вијареџо

Македонски Каритас ги прими претставниците на Парохискиот Каритас од Вијареџо

На 7 декември 2019 година во попладневните часови вработените од Македонски Каритас во посета ги примија претставниците на Парохискиот Каритас од Вијареџо (Лука) од Италија.

Во поздравот парохот на „Свети Иван Боско“ од Вијареџо, дон Антонио, искажа радост затоа што ја посетуваат земјата која неодамна ја пoсети Светиот Отец. Потоа ја претстави каритативната работа и активностите на парохијата.

За работата и тековните проектни активности на Македонски Каритас гостите ги запозна Долорес Полетто.

Претставниците на Парохскиот Каритас од Вијареџо на Македонски Каритас му доделија донација, како симболичен дар во знак на солидарност и заедништвото во работата за оние во потреба.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот