Епископот Стојанов на Богојавление служеше во Струмица

Епископот Стојанов на Богојавление служеше во Струмица

На празникот Богојоваление – Водици, 19 јануари 2022 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“’ во Струмица, а со него сослужуваа о. Гоце Костов, парох и директор на Радио Марија и о. Атанас Сирачев, парохиски викар.

Во својата проповед епископот Стојанов најпрво ги поздрави присутните и од пораншениот Апостослки нунциј во Македонија, монс. Анслемо Гвидо Пекорари, а потоа потсети на Божиќ, кој ѝ денес пред нашите очи ги става Вителеем, Богочовекот, Марија сламата, кои нѐ упатуваат на тоа дека Словото – Бог Син стана тело и ја нагласи централната вистина од денешното Евангелие, која ја потврдува гласот од небото: Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја!“

Зборувајќи за денешнот празник и Крштението на Господ од Иван во реката Јордан епископот Стојанов рече дека Господ не оди на Јордан за да го измие гревот во јорданската вода, туку да го освети, а со тоа да ги освети сите води на светот при што истакна дека Господ на Јордан ни даде пример што треба да правиме, односно да се преобратиме, да се промениме и да се посветиме.

Со крштението на Исус во реката Јордан владиката Стојанов нагласи дека тоа е последната етапа од неговиот живот, која се состои од три години патување и проповедање, по што следува крајот: крстот, гробот и воскресението. На тој ден на своето крштевање, Господ ја добил својата спасителна легитимација, при што Отецот објави дека тој е Спас и Спасител на сите при што истакна дека Синот на вечниот Отец, неговиот возљубен, дојде меѓу нас да нè претвори во синови Божји, во возљубени деца – Божји миленици. На денот на нашето крштевање тој го направи тоа со секој од нас, при што на денот на нашето крштение Отецот ги изговара истите зборови и за нас: „Ти си Син Мој, возљубен Мој!

Епископот Стојанов истакна дека не смееме да заборавиме дека крштевањето е тивко Божјо откровение на нашата душа, нашата животна врска со живиот Бог, вкоренета во Бога, потсетувајќи на зборовите на свети Иван дека со крштението сме „родени од Бога“, а цитирајќи го свети Павле ќе каже дека „Го облековме Христос и дека често ја забораваме таа милост која ни е дадена од Бога.“

Во продолжение на проповедта епископот Стојанов потсети дека денот на нашето крштевање е голема порака и должност, нагласувајќи дека не смееме да го изгубиме христијанскиот идентитет, да го фрлиме пасошот: да бидеме иселеници, да бегаме од Бога, од нашата единствена татковина – царството на неговата вистина и љубов и продолжи: „Крштевањето е порака и обврска. Ние сме Божји деца и тоа мора да го докажеме со нашиот живот. Не смееме да го криеме или заклучиме нашето христијанство, нашето детство во Бога, добиено на денот на крштевањето. Ние го пренесуваме Исус Христос на светот. Нашето крштевање нè принудува на тоа. Дали другите го видоа? Ако не – го изневеривме крштевањето и Исус Христос.“

Својата проповед ја заврши со зборовите: И на нашето крштевање се објави Бог со зборовите: „Вие сте мои возљубени и најомилени чеда и такви да останеме засекогаш.“

По Заамвоновата молитва следуваше следуваше богојавленски водосвет и благослов на верниците.

По завршувањето на свечената архиерејска Литургија парохот отец Гоце Костов се заблагодари на епископот Стојанов за упатеното Слово на охрабрување и за литургиското заедништво.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот