Во Рим почина кардинал Акиле Силвестрини

 Во Рим почина кардинал Акиле Силвестрини

На 29 Август 2019 година, во Рим, на 95 годишна возраст почина кардинал Акиле Силвестрини, поранешен префект на Конгрегацијата за Источни Цркви, голем дипломатски претставник на Светиот Престол.

Кардинал Акиле Силвестрини поранешен префект на Конгрегацијата за Источни Цркви, почина на 95 годишна возраст, на 29 Август 2019 година. Својот живот го посвети во служба на Црквата и Папата. Секогаш бил внимателен кон луѓето, посебно кон младите, и со децении внимателно и строго ги извршувал дипломатските должности на Светиот Престол. Бил близок соработник на Папскиот државен секретар кардинал Доменико Тардини и на кардинал Амлет Џовани Кикогнани. Во времето на политики на мирот и соработката со државите во Источна Европа бил на многу патувања заедно со тогашниот надбискупот Агостин Касароли и водел преговори со италијанските власти за обнова на Латеранските договори.

Роден е 1923 година, на 25 октомври во Брисигели, во бискупијата Фаенца каде во 1946 година е ракопложен за свештеник. Завршил студии по класична филологија на Филозофскиот факултетот на Универзитетот во Болоња, а потоа во Рим на Папскиот латерански универзитет дипломирал канонско право.

На Папската црковна академија се запишува во 1952 година и веќе во 1953 година започнува да работи во дипломатската служба на Одделот за вонредни црковни работи во државниот секретаријат на Светиот Престол, со посебно интересирање за Виетнам, Кина, Индонезија и воопшто за Југоисточна Азија. Од 1958 до 1969 година бил соработник на тогашниот државен секретар. Потоа се враќа во Советот за јавни црковни работи односно во поранешниот Оддел за вонредни црковни работи, каде бил задолжен за Одделот за меѓународни организации; мирот, разоружувањето и човековите права.

Го придружувал надбискупот Агостино Касароли во 1971 година за време на посетата на Москва заради положување на документи за пристапување на Светиот Престл на Договорот за неширење на нуклеарното оружје. За заменик делегат на советувањето во Хелсинки во рамките на подготовките на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа е именуван во 1972 година откако учествувал во Хелсинки и Женева во сите етапи на Конференцијата. На Конференцијата за преглед и развој на завршниот документ од Хелсинки во Белград во 1977 година учествувал како заменик шеф на делегацијата.

За потсекретар на Советот за јавни работи на Црквата е именуван во 1973 година, а секретар станал три години подоцна. Светиот папа Иван Павле II го именува за епископ во 1979 година, откако ја водел делегацијата на Светиот Престол за обнова на Латеранските договори, сѐ до потпишувањето на Договорот со италијанските власти во 1984 година. Потоа како претставник на Светиот Престол ширум светот извршувал многу дипломатски задачи. Светиот папа Иван Павле II го именува за кардинал во 1988 година и потоа за префект на Врховниот суд на Апостолската сигнатура. Од 1991 до 2000 година ја извршувал службата префект на Конгрегацијата за Источни цркви. Кардиналот Акиле Силвестрини заради навршените години немал право на глас во изборот на новиот папа. Со неговата смрт кардиналскиот колегиум брои 215 кардинали, од кои 118 имаат право на глас во изборот на новиот папа и 97 го немаат тоа право.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот