Во Бразил продолжува расправата за абортусот

Во Бразил продолжува расправата за абортусот

Претставниците на Католичката црква во Бразил се обратија до Врховниот суд во таа земја за да го искаже својот став против декриминализација на абортусот.

Бразил во овој момент има еден од најстрогите закони за абортус во светот, според кој абортус се дозволува само кога нероденото дете има аненцефалија, кога бременоста е дело на силување или кога животот на мајката е загрозен.

Врховниот суд на 3 август 2018 година започна со сослушување на различни групи и поединци кои ќе ги искажат своите ставови за декриминализација на абортусот, по што треба да биде донесена одлука дали постоечкиот закон е во согласност со бразилскиот устав.

Бискупот на Рио Гранде, Рикардо Хоерпес во своето обраќање истакна дека не е во надлежност на судот да одлучува за туѓо право на живот.

„Како Врховнот суд ќе го објасни изрекувањето на смртна пресуда на невино, беспомошно човечко битие, за да ја оправда неспособност во создавање на соодветни јавни политики во поглед на женските репродуктивни права? – праша бискупот и додаде: „Изгледа како да зборуваме за жолчка, бубрег или слепо црево кое треба да се отстрани, бидејќи може да предизвика смрт. Таквиот поглед е погрешен.“

Наместо тоа, Хоерпес нагласи дека во фокусот треба да се врати животот на детето за кое државата има „обврска да му гарантира и да го брани“ бидејќи станува збор за „најосновното право“. Тој истакна дека за вакво прашање треба да расправа народот, а не судот.

Епископската конференција минатиот четврток, во пресрет на процесот за одлучување за декриминализација на абортусот, повика во сите цркви да бијат камбаните со цел да се сврти внимание на ова тема.

За овој повик пред собраниот народ пред статуата Христос Откупител во Рио де Жанеиро зборуваше надбискупот на тој град, кардинал Орани Жао Темпеста: Сакаме да бијат камбаните не само во Рио де Жанеиро, туку и во цел Бразил, за да се сврти внимание на овој важен момент во нашата историја, со цел да се гарантира неповредливоста на човечкиот живот“ – рече Темпеста.

Се очекува судот својата одлука за уставноста на законот за абортус да ја донесе следната седмица.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот