Бискупот Стојанов се сретна со корисниците на народната кујна на сестрите Мисионерки на љубовта

Бискупот Стојанов се сретна со корисниците на народната кујна на сестрите Мисионерки на љубовта

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов на 18 декември 2019 година ја посети монашката заедница на сестрите Мисионерки на љубовта, а потоа се сретна со корисниците на народната кујна „Мајка Тереза“, за која се грижи монашката заедница на сестрите.

Средбата со корисниците на народната кујна започна со осврт на филмот за Авраам, кој беше прикажан претходно, а бискупот Стојанов во духот на таа порака ги охрабри присутните да му веруваат на Бог како Авраам и да се надеваат и тогаш кога нема никаква надеж, да ја препознаат Божјата љубов во секојдневното ангажирање преку служење на сестрите и волонтерите.

Посакувајќи им благословени божиќи празници бискупот Стојанов средбата ја заврши со молитва, а присутните не ја криеја својата радост и благодарност за посетата на бискупот, кој редовно ги посетува и им упатува зборови на охрабрување.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот