Американските епископи се спротивставуваат на нападите врз црквите

Американските епископи се спротивставуваат на нападите врз црквите

Надбискупот на Мајами, Томас Венски и надбискупот на Оклахома Сити, Паул Кокли, претседателите на одборот на Конференцијата на католичките епископи на Соединетите Американски Држави (USCCB) издадоа соопштение како одговор на извештаите за порастот на бројот на нападите на црквите. Соопштението го пренесуваме во целост.

Во последните неколку седмици сме сведоци, меѓу другото, за забивање на автомобил во една црква и подметнување пожар, како и бојадисување и обезглавување на статуи со Исус Христос и Блажена Дева Марија. Една историска црква исто така е оштетена во пожар, причината се истражува.

Без разлика дали тие дела се направени од проблематични поединци, барајќи помош или агенти на омраза сакајќи да заплашат, нападите се знак дека општеството има потреба од лекување.

Во тие инциденти во кои човечките дела се јасни, мотивите се уште не се. Додека се трудиме да го разбереме уништувањето на овие свети симболи на несебична љубов и побожност, молиме за оние кои ги предизвикаа и будно се спротивставуваме.

Нашата нација се најде во посебен момент на културолошки судир. Патот кон напредокот мора да води преку сомилост и разбирање, нешто што го правеа Исус и неговата Света Мајка. Да размислуваме за тие примери на Божјата љубов, наместо да уништуваме. Следејќи го примерот на нашиот Господ, на нередот одговараме со молитва, и на омразата со љубов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Размислување

За авторот