Со верата отворете го „кровот“ над Исуса

Со верата отворете го „кровот“ над Исуса

Дали е можно да веруваш во преобраќање кога човекот е на крајот од силата, кога го притискаат грижи, кога лицето му е вкочането од неискажливо страдање, кога наутро штом се разбуди, помислува: „О, Боже не можам повеќе!“ Дали во мрачната ноќ сепак постои ѕвездата на надежта? Евангелскиот дел ни одговара потврдно на поставеното прашање. Пред Исус „четворица“ донесуваат фатен. Тие луѓе бараат помош, да му ја ублажат болката, сите заедно веруваат, се надеваат, сите се уверени: Учителот може да помогне. „Ја виде нивната вера“ Исус најпрво изговара збор за простување и болната душа оздравува. Потоа, изговара друг збор кој ги придвижува неговите екстремитети. „И тој стана веднаш, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа…“

И Црквата во која како верници се собираме во недела е „куќа“ во која Исус помага. Се поставува прашањето: дали нашата вера во Исус е толку голема, што во преносна смисла го отвораме „кровот на куќата“ за да ја донесеме „фатеноста“ пред Исуса? Имаме ли очи на верата, срце кое е подготвено да прими простување? Имаме ли  храброст зацврстени од Исусовите зборови за да го носиме товарот на животот?

Во Капернаум читаме во евангелскиот дел, биле собрани мнозина, многумина пред и околу куќата, луѓете дошле од различни мотиви: некои заради вистинска потреба да го слушаат Исус, други повторно од љубопитност, или сомнителни накани, како што биле книжниците кои често „мудрувале меѓу себе.“ Сепак, на сите нив им беше релативно добро. Тие не морале заради фатеност да бидат донесени. Затоа е важно прашањето: Каде сме ние, кога ни оди релативно добро? Не смее да заборавиме дека фатениот од Евангелието е поддржан од оние четворица кои го донесуваат пред Господ и така го покажале своето милосрдие, солидарност, сочувство.

Да ги бодриме слабите – колку сме свесни за таа задача на христијанската заедница. Бидејќи и христијанската заедница треба да учествува во Исусовото спасување и оздравување. Во секоја заедница постојат тие кои треба да „донесуваат“. Надворешно гледано, тие се старите и немоќни луѓе, луѓе со различни физички и душевни оштетувања, болни. Тие треба духовно и душевно да се зацврстат. Посебно е важна т.н. „терапија на зборовите“ (Е. Бисер): кога со зборува се обидува болниот да се оттргне од светот на неговите внатрешни кочници и блокади; кога нашиот збор настојува да ги скрши оковите на човечката осаменост; кога нашиот охрабрувачки збор се обидува да го зацврсти нагризаната самодоверба; кога нашите утешителни зборови можат да бидат делотворни врз основа на вистинското сочувствување.

Во животот најчесто се изменуваат две улоги од денешното Евангелие: да се носи некој и да се биде носен. Каде што е вистинската вера на дело, таму се отвора „крвот“ над Исуса кој го лекува човечкото срце, спасува и го оздравува човекот.

Анџелко Домазет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот