Битола: Прославен празникот на свети Винко Павелски

Битола: Прославен празникот на свети Винко Павелски

На празникот свети Винко Павелски, вторник 27 септември 2022 година, во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола дон Томаш Бак во присуство на сестрите Усмиленки и верниците од парохијата служеше света Литургија.

Во својата проповед дон Бак истакна: „Иако сме мало стадо во Битола сепак тука е целата небесна Црква, бидејки сите светци се со нас, заедно со свети Винко Павелски и цела патувачка црква, како и онаа во чистилиштето”. Литургиската накана беше за големото семејство на Светиот Винко, 165 здруженија на пет континенти кој ја живеат харизмата на свети Винко Павелски,

За време на светата Бројаница пак, присутните верници размислуваа за пораки од свети Винко Павелски, а заврши со Литанија до овој светител.

На празникот претходеше тродневница предводена од дон Томаш Бак.

После светата Литургија следуваше дружење во пријатна атмосфера во заедништво со сите верници.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот