Црквата можеби добива нова блажена – насмеаната сестра Клер Крокет

Црквата можеби добива нова блажена – насмеаната сестра Клер Крокет

Отворањето на процесот за нејзината беатификација ќе се одржи на 12 јануари 2025 година во Алкала де Хенарес, Шпанија.

Монахињата Клер Крокет, 33-годишна мисионерка која загина во земјотрес во Еквадор во 2016 година, наскоро може да биде прогласена за блажена, јавува Catholic News Agency.

Отворањето на процеост за нејзина беатификација ќе се одржи на 12 јануари 2025 година, во катедралата Алкала де Хенарес, Шпанија. Таму е центарот на Монахињите служителки на Мајчиниот дом, на кои припаѓаше сестра Клер.

Постулатор на каузата ќе биде монахиња Кристен Гарднер, исто така сестра служителка на Мајчината куќа, која ја напиша биографијата за сестра Клер во 2020 година.

Сестра Клер е роден во Дери, Северна Ирска. Иако во младоста сакала да стане холивудска ѕвезда, таа одговорила на монашкиот повик кој го почувствувала за време една духовна обнова.

Кога земјотресот од 7,8 степени според Рихтер се случи во Еквадор во 2016 година, сестра Клер, обидувајќи се да ги спаси децата што ги учела да свират на гитара, загинала притисната до смрт од урнатините. Нејзината трагична смрт длабоко ги погоди сите што ја познаваа.

Набргу по нејзината смрт, монахињите од нејзината дружба почнале да добиваат пораки од луѓе кои ги опишувале начините на кои с. Клер им помогнала. На крајот решиле да ги соберат овие сведоштва и да направат документарен филм „Сѐ или ништо: сестра Клер Крокет.

CNA/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот