Папата испрати телеграма до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во која изразува солидарност и ги ветува своите молитви за жртвите по падот на настрешницата на железничката станица, што се случи во петокот.
Папата Фрањо ја изрази својата близина со српскиот народ во телеграмата упатена до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод несреќата што се случи на железничката станица во Нови Сад кога во петокот околу пладне се урна бетонска настрешница. Во несреќата загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени. Во телеграмата Папата нагласува дека е близок со луѓето во овој тежок момент, дека особено се моли за загинатите, за нивните ужалени семејства и за повредените и ја вети својата духовна близина.
Ватикан њуз/к.мк