Папата Фрањо изрази сочувство по повод смртта на кардиналот Клаудио Хумс, потсетувајќи на неговата „посветена и ревносна служба“ на Црквата и ангажирање за Амазонија.
Папата Фрањо изрази длабока тага откако дозна за смртта на бразилскиот кардинал Клаудио Хумс. Во телеграмата упатена до кардиналот Одило Педро Шерер, сегашниот надбискуп на Сао Паоло, Папата ги вети своите молитви за вечен покој на неговиот претходник.
Благодарност на Бога
Светиот Отец исто така, изразува длабока благодарност до Бога за посветената и ревносна служба на кардиналот, секогаш заснована на евангелски вредности, во различните пасторални задачи што му беа доверени во Бразил, како и во Римската курија, и за неговото залагање, во последните години, за Амазонија.
Светиот Отец истакна дека се уште се сеќава на зборовите на кардиналот Хумс на денот кога е избран за Папа, 13 март 2013 година, барајќи од него „да не ги заборави сиромашните“. Папата Фрањо ја завршува телеграмата упатувајќи апостолски благослов на кардиналот Шерер и на сите кои молат за кардиналот Хумс.
Кардиналскиот колегиум
Со смртта на кардиналот Хумс, Кардиналскиот колегиум има 207 членови, од кои 116 се помлади од 80 години и имаат право на избор за Папа. Папата Фрањо на крајот на август ќе назначи 21 нов кардинал, од кои 16 ќе бидат со право на избор.
Ватикан њуз/к.мк