Состојбата на Папата стабилна, но сложена

Состојбата на Папата стабилна, но сложена

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во петок вечерта, 7 март 2025 година, информира за состојбата на Папата: терапиите продолжуваат; Папата Фрањо во петок наутро се молеше околу 20 минути во капелата на десеттиот кат, а подоцна, во текот на денот изврши и некои работни активности.

Папата Фрањо, кој од 14 февруари е хоспитализиран во поликлиниката „Гемели“, петокот 7 март го помина во одмор и молитва. Канцеларијата за печат на Светиот Престол во петок вечерта објави известување за состојбата на Папата, и продолжува со терапии, вклучително и респираторна физикална терапија, а наизменично се менува неинвазивната механичка вентилација ноќе со терапија со висок проток на кислород во текот на денот, со употреба на назални канили.

Утрото, папата помина околу 20 минути во молитва во капелата на десеттиот кат од болницата каде што се наоѓа неговата соба. Во текот на денот извршуваше и некои работни активности.

Во однос на клиничката слика, лекарите состојбата ја сметаат за стабилна, но сè уште сложена слика. Прогнозата останува неизвесна. Во петок вечерта, како што беше најавено во вчерашното соопштение, не е објавен медицински билтен „со оглед на стабилноста на клиничката слика“. Нов лекарски извештај ќе биде објавен во сабота, 8 март.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол извести дека папата Фрањо имал мирна ноќ и се разбудил нешто по 8 часот. Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, објасни дека во четвртокот самиот Папа сакал да биде емитувана аудио снимка со негов поздрав на почетокот на молитвата Бројаница на плоштадот Свети Петар, во знак на благодарност за бројните молитви и пораки на наклонетост добиени во текот на овие 22 дена хоспитализација.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот