Во недела на 17 јули 2022 година во црквата „Зачнување на Пресвета Богородица во Бирках“, со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, о. Ристо Самарџиски служеше света божествена Литургија за верниците во Германија.
На почетокот на светата Литургија о. Ристо Самарџиски на присутните верници им ги пренесе поздравите и радоста на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх, за можноста и поддршката да се служи света Литургија од источен обред за нашите верници во дијаспората со надеж дека оваа заедништво ќе продолжи и во иднина.
По светата Литургија следуваше дружење со верниците од Македонија кои не го криеја задоволството и се заблагодарија на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов за татковската грижа за нив со надеж и ветување дека ова заедништво ќе продолжи.
к.мк