Седум одлични предлози кои ќе ги замените со вообичаените новогодишни празноверија
Медиумите нè бомбардираат со сите можни видови на совети, не за тоа како да зготвиме вкусна вечера, туку за празноверието поврзано со тоа како добро да се започне Нова година.
Новата година како прослава е необична раота. Убава, но необична. Благост, мир, тишина, кои треба да се доживеат за Божиќ за неколку дена, одеднаш ги препуштаме на кулинарската и етничка креативност, пропратено со веслба и забави, кои траат долго до ноќта, радикално менувајќи сè што дотогаш сме доживеале. Забавата букбално преминува од едната во другата година.
Убаво е и добро е да се слави (Исус сигурно би славел, можеби не на тој начин како ние денес), затоа што сите ние сакаме да се потсетиме на успехот, да заборавиме на лошите времиња и да ја прифатиме надежта со новиот почеток. Но започнува да се случува нешто необично: луѓето започнуваат да прават чудни работи. Медиумите не бомбардираат со сите можни врсти совети, не за тоа како да се зготви вкусна вечера, туку со празноверија поврзани со тоа како добро да се започне Новата година. (…).
Но да не се обидуваме да ги критикуваме другите, но да поминеме на главното: христијаните не веруваат во празноверија, во некои ритуали, амајлии итн. Наша работа е Радоната вест. Во Евангелието има осудвања, но над се најважно е најавувањето. И затоа наместо да критизираме и да осудуваме, сакаме со вас да споделиме седум новогодишни обичаи, кои секој христијанин би требали да ги направи.
1.Благодарете
Пред семејната вечера (најдобро неколку дена претходно) составете попис со луѓето на кои им се благодарни Дали тоа било затоа што ви помогнале на работа, во училиште, затоа што биле љубезни кон вас, кога сте се најделе во некоја тешка ситуација, или пак биле со вас во моментите на страдање и боелст. Накратко, околу нас секогаш има луѓе кои ни имаат направено некое добро. Нека оваа ноќ биде ноќ на благодарност. Благодарете на своето семејство и потсетеете се на сето добро кое ви го направиле. Нека вашите смс бидат полни со благодарност и одвојте време да им пишете на оние к кои тоа најмалку го очекуваат и благодарете им на нивните гестови на љубов.
2.Одредете кои се вашите одлуки за Нова година
Не одредувајте само цели, као што е на пример завршување на факултет, исплаќање на долговите, заминување на одмор или конечно да започнете да одете во теретана.. Нмаесто тоа одредите кои се вашите животни одлуки, големи работи кои можете да г започнете во годината која доаѓа. Бог нè повиква својата надеж да ја збогатиме со вера. Христијаните се луѓе со надеж, кои веруваат дека најдоброто треба да дојде. Правењето на попис и поставување наистиот на видно место во текот на целата година ,многу ќе ви помогне во остварување на целта.
- Оценете ја годината која завршува
Не го мешајте оценувањето со соасувањето на она што поминало погрешно. Да се оцени значи да се одреди вредноста на нешто и затоа осврнете се на најважните настани кои сте ги доживеале, најважните одлуки кои сте ги донеле, своите најблагородни проекти и одредете им ја вредноста. Не внимавајте, животот не се намо црно – бело, најмногу е сив. Работите не скогаш се добри и лоши Затоа ве повикувам својото живот да го гледате на начин на кој би го гледал Исус, со љубов, милосрдие и надеж. Така оценете сè она што сте го направиле. Инаку оценувањето на годината која штотуку завршува ќе биде мачење, кое ќе ве принуди да се критикувате сами себе поради лошите работи кои сте ги направиле, и ќе ве натераат да мислитеза тоа колку многу сакате да започне веќе новата година.
- Да одвоиме некој минута и да се потсетиме на оние кои нè напуштиле
Минатата година беше многу емотивна, поради некоја болна смртт, која сме ја виделе во медиумите. Војни, глад и неправда повеќе од еднаш ни ги гимаат скршено срцата и нè натерале да крцкаме со забите. Некои меѓу вас можеби изгубиле и некој член од семејството ил близок пријател, Да посветиме неколку минути за да се присетиме и да наздравиме за нивните животи и да им дадеме почит за болките на нивните семејства. Сеќавањето на тие луѓе нека иде повеќе од нешто само носталгични меланхолични мисли – нека биде мотивација својото жвито да го живееме со љубов и ентузијазам.
- Да ја поздравиме и прославиме својата Мајка
Ноќта во која ќе останеме долго будни, и можеби ќе заборавиме дека на 1 јануари славиме нешто многу важно за нашата вера; празникот н Марија, мајката Божја. Ние се имаме навикнато на тој наслов која Црквата го дава на Блажена Дева марија, но факт е дека е едно кревко човечко битите станува мајка на самиот Бог, нешто што е вличествено, и тоа го славиме на тој датум. Затоа да ја започнеме Нова година со тоа што ќе ја поздравиме Богородица, Марија, да ѝ посветиме некое време поминато во молитва и да појдеме на света Литуригја во нејзин спомен. Не дозволувајте количината на храна преостанати од минатата ноќ да ве спречи на Нова година да ја прегрнеме личноста, која ни го има дадено нашиот Спасител, Марија, нашата Мајка.
- Одлучете да се вклучите во нова служба
Не е неопходно да појдете во Африка и таму да преобраќате човекојади во вегетерјанци. Најверојатно веќе учестувувате во некоја служба или движење во својата парохија, но навистина размислете за тоа не размијслувајте само за активностите и настаните забележани само во вашиот планер за нова година. Размислете како Господ би можел да го преобрази ова што веќе го работите, како работите би можеле да поминат на следното ниво, или што уште би можеле да направите, а пред тоа никогаш не сте се обиделе. Не планирајте ја новата година само за она што се однесува за семејството, работата и финансиите, туку размислете и за својата вера, посебно за својата служба – сакате ли да направите повеќе, тогаш допрете повеќе срца, навестувајте ја Радосната вест, коа на сите нас ни ги има променето животите.
- Продолжете да ја жиvеете литургиската година
За многумина Божиќ не трае ни на 25 декември, туу се случува само на 24 декември и завршува кога повеќе нема храна на масата и кога секој подарок е отворен. За нас католиците Божиќ не е само празник, туку и литургиско време кое заввшува на 9 јануари со празникот Крштение Господово. Овие денови многу денови се поврзани католичката вера, како празникот Невини деца 928 декемри), празникот Блажена Девица Мариа, Мајка Божја (1 јануари), Богјавление (6 декември), кои се многу важни за нашиот духовен живот. Божик е прекрасен, но не сведувајте госамо на семејно собирање на кој кулминација е храната и подароците.
Битно нет/к.мк