Посмртните останки на папата Фрањо се погребани во Света Марија Велика

Посмртните останки на папата Фрањо се погребани во Света Марија Велика

По задушната света Литургија, посмртните останки на папата Фрањо беа пренесени во базиликата Света Марија Мајор, каде што беше погребан во близина на иконата на Марија Спасение на Римскиот народ.

По задушната света Литургија, посмртните останки на папата Фрањо се упатија низ улиците на Вечниот град до неговото последно почивалиште: базиликата Света Марија Велика.

Над 150.000 луѓе беа наредени низ улиците на Рим за да се простат со папата Фрањо, кој во неделата на Велигден, ден пред да почине, со својот папамобил се прошета низ плоштадот Свети Петар, каде што, можеби несвесно, се прости од верниците.

Поворката во саботата се движеше низ античките урнатини на Рим, покрај споменикот на паднатите војници на Плоштадот Венеција.

Покојниот Папа, кој толку неуморно се залагаше за мир, чии посмртни останки поминаа покрај древниот Римски форум и Колосеумот, каде што неговите прекрасни медитации за Крстниот пат на Велики Петок беа прочитани на глас само една недела претходно, осудувајќи ја економијата на рамнодушност и повикувајќи на економија на мирот.

Автомобилот со посмртните останки на Папата пристигна пред базиликата Света Марија Велика, каде што неговиот ковчег беше носен од сиромашните и отфрлените.

Внатре во базиликата, ковчегот на Папата запре за кратко време пред влезот во капелата Паулина, пред иконата на Марија Salus Populi Romani пред да биде однесен во нишата покрај неа подготвена за неговиот гроб.

Во 13.00 часот започна погребниот обред наРимскиот понтиф.

Обредот се одржа според прописите на Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, кој го предводеше кардиналот Камерленго Кевин Фарел, во присуство на лицата наведени во соопштението на Канцеларијата за литургиски прослави и членовите на семејството на починатиот Папа. Обредот заврши во 13:30 часот.

Папата Фрањо е погребан во погребната ниша во страничниот кораб помеѓу капелата Сфорца и капелата Паулина, во која се наоѓа иконата на Марија Salus Populi Romani.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот