Порака на Папата за Светскиот ден на средствата за социјална комуникација

Порака на Папата за Светскиот ден на средствата за социјална комуникација

Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 29 септември 2018 година ја објави темата која папата Фрањо ја избра за следниот Светски ден на средствата за социјална комуникација, кој ќе се слави во 2019 година: „Членови сме еден на друг (Ефесјаните 4,25). Од заедница на интернет (community) до човечки заедници“.

Во темата се истакнува важноста за враќање на комуникацијата од поширок видик, втемелен на личноста, како и вредноста на интеракцијата, секогаш сфатени како дијалог и како можност за средба со другите – стои во соопштението на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Да се размислува за природата на односите на социјалните мрежи

Со оваа тема се поттикнува на размислување за актуелната состојба и за природата на односите на интернет, како би се започнало од идејата на заедница како мрежа меѓу луѓе во нивната целосност – се објаснува во соопштението. Некои правци, кои преовладуваат на таканаречените „социјални мрежи“, нѐ ставаат пред многу важно прашање: во која мера може да се зборува за вистинска заедница со обѕир на логиката која ја карактеризираат некоја заедница (community) на социјалните мрежи? Метафората на мрежа како солидарна заедница вклучува и изградба на одредено „ние“, втемелено на слушање на другиот, на дијалог и според тоа, на одговорна употреба на јазикот.

Интернетот треба да биде мрежа на лица, а не на жици

Веќе во првата порака за Светскиот ден на социјална комуникација 2014 година – се потсетува во соопштението – Светиот Отец упати апел интернет да биде место богато со човечност, не мрежа на жици, туку на луѓе. Изборот на темата за овогодинешната порака ја потврдува внимателноста на папата Фрањо за нови средини на комуникација, а посебно за социјалните мрежи на кои Светиот Отец лично е присутен со свој профил @Pontifex на Твитер и @Franciscus на Инстаграм – се истакнува во соопштението на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот