Папата Лав XIV испрати телеграма до главниот рабин на Рим, д-р Рикардо Ди Сењи, по повод празниците Рош Ха-Шана, Јом Кипур и Сукот. Во пораката тој изрази благодарност за пријателските врски меѓу католичката и еврејската заедница и ги охрабри Евреите секогаш да го промовираат мирот.
Во телеграмата, Светиот Отец напиша: „Со благодарност се сеќавам на вашето присуство на почетокот на мојата Петровска служба, на 18 мај. Посакувам Господ да ги благослови сите наши напори за продлабочување на врските на пријателство меѓу нас, во градот Рим и во целиот свет.“
Папата ја заврши пораката со молитвен повик до Бога: „Нека Вечниот, во Својата голема добрина, биде близу до вашата заедница и ги придружува сите наши настојувања за зајакнување на братските односи. Нека Бог, во Својата бесконечна милост, ни го дарува мирот и непрестајната желба секогаш да го промовираме.“
Ватикан њуз/к.мк