Папата Фрањо го именува монсињор Марко Медо за нов бискуп на Госпиќ-Сењ

Папата Фрањо го именува монсињор Марко Медо за нов бискуп на Госпиќ-Сењ

Папата Фрањо го именува за бискуп на Госпиќ-Сењ. Марко Медо, поранешен генерален викар на Воениот ординаријат во Република Хрватска.

Монсињор Марко Медо е роден на 10 март 1972 година во Струпниќ, општина Ливно, Бањолучка бискупија. Основно училиште учи во родниот град Струпниќ. Во 1987 година влегува во богословијата на Фрањевците треторедци во Загреб. Од 1987 до 1991 година ја посетува надбискупската класична гимназија во Загреб. Времето на својот новицијат, од 1991 до 1992 година, го поминува во фрањевскиот манастир во Задар. Од 1992 до 1997 година студира филозофија и теологија на Католичкиот богословски факултет во Загреб. Во 2007 година магистрира по пасторална теологија на  Институтот Redemptor Hominis  при Папскиот Латерански универзитет во Рим. За свештеник е ракоположен во загрепската катедрала на 27 јуни 1998 година.

Служби и должности:

1998-2002 година – парохиски викар во Белишќе и Клоштр Подравски;

2002-2011 година – секретар на провинцијата и воспитувач во семинаријата, промотор за духовни звања, член на Управата на провинцијата на Фрањевците во Загреб;

2011 година е именуван за воен капелан во воената капеланија на Министерството за одбрана во Загреб;

2013 година – прва мисија во Авганистан, во два наврати, во период од шест месеци, служи како воен капелан во Авганистан со хрватскиот контингент во мисијата на НАТО;

2014-2015 – покрај служењето како воен капелан, е парох во парохијата Блажен Алојзиј Степинац и гвардијан на манастирот Христос Цар во Огулин;

На 2 ноември 2015 година е инкардиниран во Воениот ординаријат во Република Хрватска;

2016-2018 – покрај служењето како воен капелан, ја извршува функцијата бискупски викар за пасторална грижа во Министерството за Одбрана и Вооружените сили на Република Хрватска.

27 март 2018 година е именуван за генерален викар на Воениот ординаријат во Република Хрватска и ја извршува таа функција до именувањето за бискуп.

2021-2023 – покрај тоа што служи како генерален викар на Воениот ординаријат во Република Хрватска, служи и како воен капелан на Хрватското воено училиште во Загреб.

Во Воениот ординаријат е член на разни совети и служби. Во Хрватската бискупска конференција е член на Комиисијата за пасторал со семејства. Освен хрватски, зборува и италијански, а се служи со англиски и германски јазик.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот