Пред Генералната аудиенција во среда 5 јуни 2024 година Папата се сретна со раководството и играчите на хрватската фудбалска репрезентација: Навивачите, особено младите, се угледуваат на вас, бидете пример
Папата Фрањо во среда 5 јуни 2024 година, го прими раководството и играчите на хрватската фудбалска репрезентација, кои беа придружувани од помошниот бискуп на Загреб, Иван Шашко. Честитајќи им за освоеното трето место на Светското првенство во Катар 2022 година, тој истакна дека фудбалот е глобален феномен, способен да вклучи исклучително голем број луѓе и да предизвика колективни чувства и емоции. За тоа можам и самиот да посведочам, – истакна тој – затоа што доаѓам од земја во која сето тоа се живее на најсилен можен начин.
„Да се биде тим“
Светиот Отец ја искористи оваа прилика уште еднаш да ги истакне вредностите на спортот. Кога играте фудбал, вие сте тим и ја имате честа да го претставувате својот народ – рече тој и додаде:
Токму „да се биде тим“ е аспект од спортот што сакам да го истакнам, бидејќи тоа е метафора за општествениот живот, во различни средини каде што живеете и работите заедно со другите. Важни се индивидуалните постапки, фантазијата, креативноста… Но, ако преовлада индивидуализмот, целата динамика се нарушува и целта не се постигнува.
Примерен пример
Римскиот бискуп потоа спомна многу други вредности кои се во прашање, како што се чувството за чест, пријателство и братска колегијалност, лојалност и самоконтрола и додаде:
Никогаш не заборавајте дека навивачите, особено младите, се угледуваат на вас: вашата улога оди подалеку од спортската средина и станувате модел на исполнет живот и успех. Затоа, важно е да негувате духовни и човечки крепости, за да бидете примерен пример.
На крајот Папата им се заблагодари на хрватската фудбалска репрезентација за посетата и им посака се најдобро во нивните општествени и спортски активности.
Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, на Светиот Отец му подари дрес на хрватската репрезентација со името Фрањо и бројот 1, како и кожна реплика на првата топка со која се играше фудбал во Хрватска.
Да потсетиме, папата Фрањо требаше да ја прими хрватската репрезентација во 9 јуни 2023 година, пред крајот на Лигата на нации, но аудиенцијата беше одложена поради операцијата.
Ватикан нуз/к.мк